СКОПЈЕ – Кампањите за дезинформации на Западен Балкан првенствено шират антизападни наративи и ЕУ е решена да им се спротистави, но и треба помош од регионот, истакнаа учесниците на денешната Конференција за медиумска писменост ЕУ-Западен Балкан во Скопје. Од друга страна, „Градење отпорност кон дезинформации”, како што се нарекува конференцијата, е проблем со кој се соочува цела Европа.
Ова е втора конференција од оваа област поддржана од Европската Унија. Конференцијата во Скопје се гради врз основа на резултатите од првата конференција за медиумска писменост ЕУ-Западен Балкан организирана во 2020 година во Сарајево и Бања Лука. Таа ќе резултира со препораки насочени кон поттикнување ефективни акции против дезинформации и понатамошен развој на медиумската писменост.
Настанот е регистриран и на платформата на Конференцијата за иднината на Европа.
Претседателот на Северна Македонија Стефо Пендаровски ја отвори Конференцијата посочувајчи дека денешното искуство покажува дека дезинформациите на интернет обично не се спонтани.
“Намерата е да се манипулира јавноста на систематски начин и да им служи на интересите на одредени политички и бизнис центри на моќ”, рече Пендаровски.
Тој предупреди дека кампањите за дезинформации ги поларизираат општествата и ја нарушувaат довербата во јавните институции и дека тие можат да ја дестабилизираат земјата во целина. Меѓу решенијата се едукација за медиумска писменост, подобри услови за професионални новинари и подобро спроведување на сегашните прописи и нивно подобрување во согласност со европските стандарди.
Високиот преставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жозеф Борел во својот говор истакна дека оваа Конференција беше годишен белег на работата на ЕУ со граѓанското општество во борбата против дезинформациите на Западен Балкан.
“Проверувачите на факти, незавнисните медиуми и граѓаните од Западен Балкан неуморно работа кон ова цел”, рече Борел.
Тој посочи дека ЕУ финансира студии, образование и активности како што се работилници, со цел да придонесе за оваа цел во регионот.
“Но, таа не може да го стори сама. За справување со дезинформациите е потребен пристап од целата влада што го олеснува пристапот на целото општество. Нема сомневање од страната на ЕУ: Западен Балкан е срцето на Европа и ние ја делиме одговорноста за изградба на помирна, просперитетна и обедината Европа. И, исто така ја споделуваме одговорноста да комуницираме за тоа”, рече Борел.
Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир, рече дека неодамнешната студија потготвена од Институтот Отворено Општество во Софија, покажува дека отпорноста кон лажните вести во Северна Македонија е слаба.
“Наративите за дезинформации доаѓаат на различни форми. На пример, за време на пандемијата, секогаш сме виделе дека ЕУ го остави регионот зад себе. Во реалноста, таа обезбеди невидена помош во износ од 3,3 милијарди Евра во форма на здравствена и социо-економска поддршка и економски и инвестициски план”, рече Гир.
Тој ја повтори пораката дека ЕУ е решена да се спротистави на дезинформациите, но и е потребна соработка со регионот.
За време на првата панел-дискусија, Росана Алексоска од Здружението на граѓани “МОСТ” ги презентираше прелиминарните наоди од студијата за доминантни наративи за дезинформации во Северна Македонија во 2020 година..
“Поларизирачки и многу поделени наративи беа искористени за да се искористат длабоко вкоренетите чувства и (погрешни) верувања со цел да се дискредитираат различни актери, вклучително и западните институции”, рече Алексоска.
Наративите се фокусираа околу КОВИД -19, ширејќи теории на заговор за потеклото на вирусот, но исто така потикнаа приказни против ЕУ, против НАТО, и против Преспанскиот договор.
“Заеднички карактеристики на сите наративи е антизападното расположение и поткопување на некои од стратешките цели на земјите”, рече Алексоска.
Истражувањето покажа дека локалните портали, тие добро воспоставени како и тие анонимни, ја шират својата содржина преку десетици групи на Фејсбук со повеќе од милион следбеници вкупно. Вестите за помош од Кина за време на пандемијата беа особено засилени.
Марјан Забрчанец, национален координатор за стратешки комуникации и спроведување на стратегијата за комуникации на Владата на Северна Македонија, рече дека не мисли дека напорите на владата треба да се фокусираат на отстранување на изворите, бидејќи тие не се одговорни за нив.
“Нашите напори треба да бидат насочени кон анализа, длабоко разбирање на проблемот и обезбедување на контра-наративи”, рече Забрчанец.
Тој ја нагласи важноста на активно управување, кое е потготвено да воведе медиумска писменост, покрај активната транспарентност.
“Тоа значи брзо одговарање на потребите не медиумите, кога тие бараат верификација на фактите”, рече тој.
Забрчанец рече дека владата е свесна дека има некои предизвици, дека не сите институции се еднакво транспарентни и брзи, но дека е важно да постои централно управување во врска со темата за одговорност.
Клодиана Капо, Директор на Службата за проверка на факти “Faktoje” од Албанија и Евита Пурина, уредничка на “Re: Check”, Лаборатоија за проверка на факти и социјални медиуми Re:Baltica од Летонија ги споделија своите искуства за справување со дезинформации, посочувајќи дека ситуацијата е слична во различни земји, без разлика дали се на Балканот или не.
Деидре Кевин, експерт на Хоризонтален Инструмент не ЕУ-СЕ: Слободата на изразување слободата на медиумите во Северна Македонија потсети дека Северна Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ, мора да обезбеди стабилност на институциите што гарантираат демократија, која станува се повеќе поврзана со отпорноста кон дезинформации.
Кевин оцени дека сите во Европа се борат со овие прашања и дека ситуацијата е влошена со пандемијата КОВИД-19.
“Западен Балкан не е исклучок кога станува збор за дезинформации, но се додека луѓето се обидуваат да го решат проблемот, имаме шанса да ја добиеме ова битка”, заклучи модераторот на панелот Јасна Јелишиќ.