fbpx
European Western Balkans
Image default
Local Languages Content

Ајкхорст : Придонесот од ЗП за иднината на Европа ќе се слушне во институцииите на ЕУ

Во мај 2021 година, Европската Унија ја започна Конференцијата за иднината на Европа – нова, пан-Европска со пристап од долу нагоре иницијатива, која има за цел да им даде на граѓаните, граѓанските организации и институции поголема тежина во креирање на политиките на ЕУ. Вклучувањето на Западен Балкан на Конференцијата беше разгледувано во повеќе наврати во изминатите неколку месеци и ова започна да се материјализира овој месец. На 2 Јули, како дел од Преспа Форумот за Дијалог, панел дискусијата Што може Западен Балкан да прави за ЕУ?бше прв во низата јавни и граѓански придонеси од регионот на Конференцијата за иднината на Европа.

Разговарам со Управниот директор за Европа и Централна Азија при Европската служба за надворешно дејствување, Ангелина Ајкхорст за очекувањата на Конференцијата, важноста на учеството на Западен Балкан, состојбата на процесот на пристапување на регионот во ЕУ и слоневечкото претседатество со ЕУ, на маргините на Преспа Форумот за Дијалог.

EWB: Конференцијата за иднината на Европа е серија дебати и дискусии водени од граѓаните што ќе им овозможи на луѓето од цела Европа да ги споделуваат своите идеи и да помогнат во обликувањето на заедничката иднина, и нуди нов јавен форум за дебата со граѓаните околку некои клучни приоритети и предизвици. Кои се вашите очекувања за Конференцијата, како што сега се спроведува во ЕУ? Дали ќе има значително влијание?

Ангелина АјкхорстКако прво, дозволете ми да кажам дека сум апсолутно воодушевена што сум тука во Преспа. Овој е многу симболичен и силен настан, со многу луѓе кои навистина веруваат во Европската Унија како единствен континент.

И затоа мислам дека Конференцијата за иднината на Европа е организирана во одличен временски период. Секогаш е многу доцна, и е важно да се започне. Сакав  да дадам јасна порака порано на панелот, кажувајќи – “ајде да го искористиме ова максимално“. Суштински е да се има нов метод преку кој сакаме да се осигураме дека ние слушаме. Знаете, разговараме многу со другите, но не секогаш ги слушаме и различните ставови и мислења, но што е најважно – какви идеи постојат и какво дејствување може да им се препише на нив.

И затоа со нетрпение ја очекувам оваа конференција. Се обидувам да искористам неколку примери од земјите членки каде граѓанските организации излегуваат со конкретни барања до владата, властите, институциите да сторат нешто. Не треба да чекате до крајот на конференцијата за веќе да направите промена.

Тоа е многу визионерски пристап. Јас секогаш претпочитам да се навратам на Претседателот Макрон, и како тој го започна тоа, бидејќи ова е визија за Европа и верувам дека сите треба да се претплатиме на тоа. Но, проблемот е што многу луѓе не знаат, истотака и внатре во ЕУ тоа не е само тука во Југоисточна Европа, туку секаде. Луѓето не се доволно свесни. Тие ја сметат ЕУ здраво за готово, и не се доволно свесни за тоа како ќе се живее без Европската Унија. Замислете, за една секунда, на што би се вратиле. Читам многу историја, и секогаш ги охрабрувам луѓето да читаат повеќе историја. Вие сте живееле во овој дел на Европа, сте ја живееле историјата многу неодамна, и тоа многу болна историја, но многу луѓе веќе не го прават тоа, и затоа мислам дека Конференцијата за иднината на Европа е многу возбудлива.

EWB: Зошто е важно Западен Балкан да учествува, барем неформално, на Конференцијата за иднината на Европа? На кои начини може да се постигне ова?

АЕЗнаете, ова што го слушнавме денес беше многу охрабрувачко бидејќи работата е веќе почната.

Затоа и кажуваме, ве молам, работете со претпоставка дека навистина сте дел од тоа. Имате многу пријатели во институциите на ЕУ кои ќе продолжат  да се повикуваат на придонесот од шесте земји на Западен Балкан, заедно или одвоени или од различни партнери, бидејќи тука има многу да се даде и да се има. И во овие физички дискусии, мислам дека секогаш треба да се обидуваме да излеземе со три точки на дејствување. Тие треба да бидат мали точки што ќе ги изнесете пред другите. Не треба да имате долг манифест од дваесет илјади активности.

Не можев да споменам ова утро, но чувствувам дека многу од нашата работа е поврзана со отстапувањето, дa се одвратите од вашиот курс, како и денес. Мислам дека има одредено одвлекување внимание во рамките на ЕУ кога станува збор за целото прашање на обединување, интеграција, проширување.

Ние се одвраќаме и мораме да го задржиме курсот, и ова е поради една причина – знаете дека нема алтернатива. Постои само еден начин да се направи тоа.

EWB: Некои експерти истакнуваат дека сегашниот процес на пристапување на земијте од Западен Балкан не дава резултати што ќе ги демократизираат нашите општества и ќе ја зголемат социо-економската конвергенција помеѓу регионот и ЕУ. Инструментите потребни за зајакнување на пристапувањето на овие земји во однос на нивното членство се тука. Меѓутоа, тие нагласуваат дека на земјите им е потребен јасен и соодветен патоказ за пристапување по мерка за секоја од земјите членки од Западен Балкан. Дали се согласувате со тоа?

AE: Па, знаете, на некој начин тоа веќе постои. Извештаите се објавуваат редовно. Порано беше секоја година, потоа имаше краток јаз, а сега повторно се објавуваат во октомври, ноември, околу тој период, веројатно октомври. Таа е многу добра алатка за работа. И многу често, јазикот кој се користи таму е базиран на факти, истото важи и за Комисијата, и извештајот е навистина добар.

Не е секогаш убава порака за слушање. Повеќе припаѓам на тие кои кажуваат, видете, да, овие прашања се уште не се решени, но не можам да кажам дека не оди добро, напротив.

Албанија и Северна Македонија ги исполнуваат сите критериуми за да ги почнуваат пристапните преговори. Знаете, ние треба да застануваме за момент и да сфатиме што навистина значи тоа. Дали тоа значи дека Албанија не е потготвена да ги започне преговорите? Не, Албанија е потготвена. Северна Македонија е потготвена.

Она на што ние инсистираме – владеење на правото, сите слободи, правосудството, е тешко, и знаете зошто пораката денес е построга отколку порано – затоа што гледаме што се случува во рамките на Европската Унија.

Затоа и се случи да го нагласуваме повеќе од порано владеењето на правото. Секогаш беше таму во процесот на проширување. Она што се обидувам да го кажам, патоказите се под Советот за стабилизација и асоцијација. Сега, ја имате ова работа според новата методологија. Да, тоа би можело да биде начин за работа, зошто да не. Иако морам да кажам дека многу од тоа е веќе таму.

Значи, гледате, се враќаме на мојата поента за отстапување – ајде да се обидеме да не излеземе од патот, бидејќи се обидуваме повторно да измислиме некои теми, но сите треба да им кажеме на сите влади и претставници на граѓаните, власти и пратеници во Собрание – продолжете да работите, работете за вас. Има многу работа. Донесете закони усвоени во Парламентот, наложете им на владите да предлагаат законодавство, вклучувајте ги граѓаните во овој законодавен процес.

EWB: Слушнавме денес во неколку наврати дека проширувањето на ЕУ е во лоша состојба и дека ентузијазмот достигна историски најниско ниво поради доцнењето во започнувањето на пристапните преговори со Скопје и Тирана. Од друга страна ги имаме Црна Гора и Србија кои не унапредуваат на нивниот пат кон ЕУ поради прашањата поврзани со владеењето на правото и состојбата со демократијата. Косово уште чека визна либерализација. Некои веруваат дека овој вакум може да создаде сериозни последици и плодна почва во регионот за другите актери. Дали мислите дека ова може да се случи ако нешто не се промени?

AEЈас секогаш се соочувам со вакви изјави, не затоа што сум наивен и оптимист, но гледам дека имаме обврска да успееме. Навистина, имаше забавување, и тоа не беше добро. Забавување на ниво на Советот, на ниво на земјите членки кога станува збор за Албанија и Северна Македонија, и исто така во однос на визната либерализација за Косово.

Со Србија и Црна Гора, повторно се навраќаме на добар пат затоа што кластерите ќе се отворат и тоа ќе се случи. Црна Гора исто така може да затвори поглавја ако продолжат по истиот пат. Босна и Херцеговина е се уште голем предизвик, но тоа е предизвик. Тоа значи дека треба да се посветиме за да функционира.

Не може да си дозволиме да кажеме – не функционира, не е добро, не сме во добра форма, кревки сме, ќе се распаднеме. Воопшто не ни помага, напротив. Бидејќи вака привлекувате трети партнери.

Ако сте наметливи и потврдни во текот на дејствувањето, трети страни нема да имаат интерес да дојдат, бидејќи тоа за нив е мала игра.

Европска Унија се врати многу силно во 2018 година со веродостојната перспектива за проширување и засилен ангажман на ЕУ со Западен Балкан. Сигурна сум дека се сеќавате дека зборувавме порано за тоа. Тоа беше многу силна порака што кажуваше – ние сме тука. Тогаш, за жал, во Советот, работите не се движеа како што треба. Јас сум оптимист дека може да се врати повторно – нема алтернатива. Затоа им кажувам на сите – однесувајте се како сите да сме веќе едно.

EWB: Иако суптилното зголемување на поддшката за членство во ЕУ е видливо низ целиот регион, со 62%  кои го одобруваат  пристапувањето, според последната анакета за јавното мислење на Балкан Барометар, можевме да слушнеме денес и може да забележиме одредено разочарување во Западниот Балкан, посебно од страна на лидерите. Тие честопати потенцираат дека сториле се што можеле, но не унапредуваат. Како да се почне одново овој процес, како да се продолжу понатаму и да се создаде моментум што постоеше во 2018 година, со стратегијата? Ја имавме оваа ситуација кога сите имаа надеж и чуствуваа дека работите се движат напред, а потоа работите започнаа да се забавуваат, и ако можам да кажам да застануваат.

AEНема застанување. Навистина, енергијата од минатото ја немаше таму. Како што спомнав порано, мислам дека за Србија и за Црна Гора би можеле да бидеме на добро место на крајот на годината, и тоа и беше и пораката до премиерката кога таа дојде во Брисел на меѓувладината конференција. Ова беше и пораката до премиерот на Црна Гора.

Но, ова навистина зависи од владите да ја завршат работата што им ја ветија на своите граѓани. Доколку има сомнежи за било какви прашања, граѓаните секогаш имаат пристап до сите извештаи на Комисијата за реалната состојба. Затоа ги имаме овие извештаи, тоа е сигурно.

Сега, тоа што мислам дека е повеќе потребно е граѓаните во Европската Унија да започнат повеќе да дебатираат и дискутираат, и затоа се враќаме на Конференцијата за иднината на Европа – дебатираме и дискутираме зошто е толку важно што сите сме едно семејство и како можеме да извлечеме корист од тоа. Знам многу млади луѓе кои патуваат на Балканот и тие сакаат да бидат на Балканот, и обратно. Тоа е еден пример, но има многу размени на кои можете да работите.

Значи, треба повторно да го активирате тоа, не можете да дозволите негативноста да надвладее. Траба да возвратиме, и тоа е она што го правиме институционално. Тоа секако го прави многу јасно високиот претставник Жозеф Борел. Тој има многу јасни пораки за тоа како ги гледа овие прашања, но исто така треба земјите членки да се разбудат.

EWB: Од јули до декември 2021, Словенија е претседава со Советот на ЕУ. Во нивната програма тие најавија дека Западен Балкан ќе биде врвен приоритет. Кои се вашите очекувања?

AE: Несомнено е дека Словенија ќе го стави како врвен приоритет Западен Балкан, не се сомневам. Во календарот има многу важна точка, а тоа е Самитот во октомври. Знаете дека вака функционираат институциите, тие работат за добри резултати на Самитот и веќе гледам дека за многу лидери, нивната ментална мапа е насочена кон Самитот – ајде да се обидеме  да добиеме резултати пред тоа и да го направиме овој Самит успешен. Софија беше успешен самит, јас бев таму и во Загреб. Бевме под услови на КОВИД. Меѓутоа, сепак имавме добар самит и добри резултати. Верувам дека Словенија ќе биде многу успешна. Му помогнавме на претседателството, и ние го поддржуваме претседателството да дојде до добар исход.

Related posts

“Проширувањето на ЕУ не ги постигнува посакуваните ефекти”

EWB

Ministrat e huaj të BP kërkojnë nga BE që të luaj një rol më aktiv dhe të mos vendos synime të lëvizshme

EWB

Помеѓу активизмот и политиката: Што можат да постигнат граѓанските иницијативи во регионот?

EWB