ПРИШТИНА – Иако постои чувство дека Западен Балкан беше изоставен од Конференцијата за иднината на Европа, ЕУ не можи да си дозволи регионот да не ги слуша придонесите од регионот. Земјите од Западен Балкан имаат можност да покажат дека не се фокусирани на една прашање – проширувањето – туку може да придонесуваат на дискусиите за пошироки европски прашања.
Овие беа заклучоците од Конференцијата “Западен Балкан дискутира за иднината на Европа!”, што се одржа денес во Приштина. Доника Емини, директор на платформата на ЦивиКос и член на BiEPAG, ја модерираше дискусијата.
Срѓан Мајсторовиќ, претседател на управниот одбор на Центарот за европска политика со седиште во Белград, посочи, дека, генерално, чувството во регионот е дека секогаш истиот се изоставува од главните процеси на ЕУ.
“Ние имаме балканоцентрична перспектива – веруваме дека сме највежниот регион во Европа, но ни недостасува поголемата слика. И светот се менува, ЕУ се менува, се дискутира како да се прилагодиме на светот пост-пандемијата, пост-Брегзит, и пост-Трамп”, рече Мајсторовиќ.
Тој рече дека владите во регионот честопати не успеваат да се вклучуват во европските прашања, што е случај и со Конференцијата за иднината на Европа.
“Не сите земји членки поканија на почетокот на Конференцијата. На крајот, граѓаните беа вклучени преку ваква платформа. И ако владите не сакаат да ја искористат оваа можност, граѓаните треба да ја искористат истата. ЕУ не може може да си дозволи да не се слуша тоа што доаѓа од Балканот”, рече Мајсторовиќ.
Симонида Кацарска, директор на Институтот за европска политика во Скопје, се согласи дека регионот, со оглед на неговите врски со ЕУ, не може да си дозволи да не учествува, и дека некои проблеми, како што се прашањата за животна средина и загадувањето на воздухот, очигледно се споделуваат со ЕУ.
Таа потсети дека минатата година, група граѓански организации спроведоа симулација на конференцијата со младите од сите шест држави од Западен Балкан и дека наодите ги објави Центарот за европска политика во Брисел.
“Младите беа на највисоко ниво во однос на задачата кога станува збор за дигиталната трансформација, зелената политика. Ова ќе биде нашата почетна точка. Младите чувствуваат дека предизвиците во ЕУ се споделени. Значи одлуката да не се вклучи регионот формално во процесот, се чувствува како удар. Ова влијае да се чувствуваме како несакан гостин на масата, но научивме да живееме со тоа”, рече Кацарска.
Таа додаде дека Северна Македонија, како резултат на 20 годишниот ангажман со ЕУ, во многу области има подобро ниво на усогласеност со ЕУ отколку Србија и Црна Гора.
“Од нас, ЕУ може да добие информации за тоа какви се ефектите од нејзиниот надворешен ангажман и недостатоците од тој процес”, рече Кацарска.
Јоанис Армаколас, раководител на програмата за Југоисточна Европа во ELIAMEP, оцени дека, за жал, ЕУ не е доволно потготвена да го слуша ЗБ кога станува збор за Конференцијата за иднината на Еворпа.
“Некако чувствувам дека креаторите на политиките на ЕУ веруваат дека Западен Балкан е премногу сложен проблем со кој не можат да се справат во моментов”, рече тој.
Армаколас додаде дека перспрективата на ЕУ за Западен Балкан е во криза и дека, во моментот регионот чека ЕУ да каже дали е потготвена реално и кредибилно да го прифати Западен Балкан. Во тој контекст, учеството на Конференцијата за иднината на Европа има ветувачка димензија, бидејќи не се работи за пристапување само по себе, рече тој.
“Кога сте опседнати со само едно прашање и не разбирате дека идното креирање политики е многу широко, вие не сте добар партнер. Но, Западен Балкан преку овој процес може да покаже дека има идеи за цела Европа”, рече тој.
Дури и ако придонесите нема да доведат до непосредни инпути во политики, тие би можеле да ја формираат агендата, што на крајот ќе доведе и до искодите од политиките, рече тој. Ова беше случај со дебатите за Уставот на Европа.
Кога станува збор за прецизни придонеси за Конференцијата, Срѓан Мајсторовиќ наведуваше повеќе области, како што е јавното здравство, каде што динамиката меѓу регионот и ЕУ е веќ интензивна, при што многу медицински работници заминуваат за работа во ЕУ. Тој исто така наведе дека Западен Балкан може да придонесе во трговските и безбедносните области, вклучувајќи контрола на илегалните миграции и многу повеќе работа што треба да се направи во борбата против организираниот криминал и корупција.
“Ние можеме да и помогнеме не ЕУ повторно да ја открие својата примарна цел, дека ЕУ е успех, дека има мир повеќе од 70 годиниа и дека може да биде посигурна во својата идна глобална политика”, додаде Мајсторовиќ.
Симонида Кацарска додаде дека голем дел од дискусиите за условеноста на владеењето на правото во рамките на ЕУ се заснова на механизмите што таа ги користеше во нејзните надворешни односи, вклучително и во Западен Балкан, што е уште еден пример за тоа како регионот може да придонесе.
Јоанис Армаколас сугерираше дека ЕУ треба да научи од Кина и Русија зошто е атрактивно да се ангажира во регионот.
“ЕУ во Западен Балкан е во сопствена трка и е во опасност да биде втора”, рече тој, цитирајчи грча поговорка.
Настанот ќе го отворат Томаш Шуњог, шеф на Канцеларијата на ЕУ, и специјалниот претставник на Европската Унија во Косово. Тоа беше дел од серијата настани организирани од Фондацијата за дијалог Фридрих Еберт за Југоисточна Европа во регионалните главни метрополи.