fbpx
European Western Balkans
Local Languages Content

„Ја градиме Европа заедно“: Придонесот на ЗБ во Конференцијата за иднината на Европа ќе се дискутира во понеделник

БЕЛГРАД – Настанот “Ја градиме Европа заедно: Придонесот на Западен Балкан во Конференцијата за иднината на Европа“ се оржува на 18 октомври, со цел сумирање и пројектирање на суштината на регионалните дебати што се одржаа во текот на оваа година.

Дискусијата ќе се емитува на YouTube и Facebok каналите на European Western Balkans  од 11:00 до12:00 (Средноевропско време: CET).

Во јули 2021 година, панелот “Што може Западен Балкан да направи за ЕУ?”, што беше дел од Преспа форумот за дијалог, отвори серија јавни и граѓански иницијативи со цел граѓаните од Западен Балкан да се вклучат и придонесуваат во Конференцијата за иднината на Европа.

До почетокот на октомври, беа организирани повеќе настани низ Западен Балкан, вклучувајќи ги и настаните во Скопје, Сараево, Приштина, Крушево и Белград.

Целта на настанот во понеделник е да ги сумира овие дискусии, да им даде глас на луѓето кои честопати не се доволно слушнати, да ги истакне граѓаните на ЗБ кои се заинтересирани регионот да стане извор на решенија за постојните проблеми со кои се соочуваат сите граѓани во Европа.

Дискусијата ќе ја модерира Никола Буразер, програмски директор на Центарот за европска политика и извршен уредник на European Western Balkans.

Учесници ќе бидат Срѓан Цвијиќ, виш аналитичар на политики за надворешни односи на ЕУ во Институтот за европска политика на Фондацијата отворено општество, Брисел; Зоран Нечев, раководител на Центарот за европски интеграции и постар истражувач во Институтот за демократија “Социетас Цивилис” Скопје – ИДСЦС; Доника Емини, извршен директор на платформата Цивикос, Приштина; Далиборка Ујавериќ, извршен директор во Центарот за граѓанско образование, Подгорица; Дафина Пеци, генерален секретар на Националниот младински конгрес во Албанија, и Селма Продановиќ, претприемачка родена во Сарајево, со седиште во Виена, фокусирана на инвестирање во напредни технологии и женско претприемништво.

Погледнете го видеото на Европската служба за надворешно дејствување за работата на Селма Продановиќ, една од учесничките на панелот. Објавено е во рамките на програмата “Европејците кои прават разлика – жените што го водат патот на Западен Балкан”.

Конференцијата за иднината на Европа започна оваа година од Европскиот Парламент, Советот и Европската Комисија, кои се обврзаа да ги слушаат европските граѓани и да ги следат, во рамките на нивната област на надлежности, дадените препораки. Конференцијата е децентрализирана, со европски, национални, регионални и локални институции, како и граѓанско општество и други организации поканети да организираат настани и да придонесат со идеи во текот на втората половина на 2021 година и првата половина од 2022. До следната пролет, се очекува Конференцијата да донесе заклучоци и да даде насоки за иднината на Европа.

Related posts

Ministrat e huaj të BP kërkojnë nga BE që të luaj një rol më aktiv dhe të mos vendos synime të lëvizshme

EWB

Integrimi i Ballkanit Perëndimor në BE është një proces reciprokisht i dobishëm

EWB

Ajkhorst: Kontributi nga BP për të ardhmen e Europës do të dëgjohet në institucionet e BE

Emina Muminović