СКОПЈЕ – Младите од Западен Балкан можат да придонесуваат на Конференцијата за иднината на Европа бидејќи Европа е повеќе од само ЕУ, истакнаа учесниците на настанот организиран од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија и Европската куќа во Скопје
По повод вториот роденден на Евроспката куќа, Делегацијата на ЕУ им дава збор на младите од Северна Македонија да се слушне нивниот глас преку започнување серија разговори во контекст на тековната Конференција за иднината на Европа.
На почетниот настан, младите европски амбасадори, активисти, и генералниот секретар на младите европски федералисти ги поканија младите учесници да дебатираат заедно и да споделуваат со нивните врсници од цела Европа, и да помогнат во изнаоѓањето на вистинските одговори за заедничките предизвици.
Заменик шефот на Делегација на ЕУ во Скопје Јулиан Васало ги пофали младите за нивниот силен ентузијазам и интерес за иднината на Европа
“Задржете го тој ентузијазам. Продолжете да размислувате за нашето единство и неговото зајакнување”, им рече Васало на младинските претседатели кои беа дел од настанот
Милош Ристоски, генерален секретар на Младите европски федералисти, во текот на дебатата го објасни процесот на Конференцијата за иднината на Европа.
Според него, иако процесот е исклучително сложен и се состои од многу различни делови, тој е отворен за јавноста.
“Каков ќе биде резултатот од Конференцијата за иднината на Европа зависи од граѓаните и од нас, бидејќи овој е отворен процес во кој треба да одлучиме каква Европа сакаме во иднина. Важно е овој процес да не биде централизиран само на ниво на ЕУ, бидејќи Европа е поширока од ЕУ”, истакна тој
Тој порача дека младите мора да учествуваат на Конференцијата за иднината на Европа затоа што тие не се само иднината туку и сегашноста.
“Треба да ги искористиме сите придобивки од дигиталната платформа во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, информациите што ни се дадени. Треба да ја искористиме оваа можност, затоа што промените доаѓаат само ако учествуваме во овие процеси,” рече тој.
Војдан Узунов, од YEA Северна Македонија, изјави дека се важни сите можности кои можат да го зајакнат европскиот идентитет помеѓу младите и ЕУ и Западен Балкан.
“Важно е да се соберат младите од Европа на едно место. Понекогаш меѓу нас има предрасуди и стари начини на размислување, тоа е она што сакаме да го спречиме. Ваквите настани се важни за градење заеднички европски идентитет”, рече тој.
Според него, Западен Балкан е дел од Европа и затоа е неопходнио за младите луѓе од регионот да бидат дел од европскиот идентитет.
“Tоа е една од главните пораки на нашата посета во Стразбург. Да се создаде внатрешен идентитет меѓу нас и понатамошна соработка со ЕУ. Зошто да не создадеме нешто што би можеле да го имаме во иднина?”, рече Узунов.
Конференцијата за индината на Европа е процес на консултациии што Европскиот парламент, Советот и Европската Комисија го започнаа оваа пролет, со цел европските граѓани од сите области на животот да можат да ги претстават своите ставови за предизвиците и приоритетите на Европа. Во оваа дебата се вклучија и граѓаните од Западен Балкан.