fbpx
European Western Balkans
Local Languages Content

Проширување, безбедност, ЕУ во светот: Области во кои ЗБ може да придонесе во дебатата за иднината на Европа

Photo: EWB

ОХРИД – Безбедносните теми, глобалната политика на Европската Унија, како и проширувањето, се некои од областите во кои Западен Балкан може да придонесе на Конференцијата за иднината на Европа, истакнаа учесниците на денешниот панел на инагурацијата на Преспа Форумот за Дијалог во Северна Македонија. Вклученоста на граѓаните во текот на целата Конференција беше опишана како недоволна од страна на некои учесници, додека другите потсетија дека процесот е нов и може да се надгради во иднина.

Панелот насловен „Што можеме да направиме ние за ЕУ? Придонесот на Западен Балкан на Конференцијата за иднината на Европа – гласови од регионот„ беше прв од неколку јавни придонеси од регионот на Конференцијата за иднината на Европа, што започна во мај годинава од институциите на ЕУ.

Пратеникот од француското национално собрание Жак Мер го опиша почетокот на конференцијата како ризик што вреди да зе преземе.

Тој спомна: “Се разбира, во овој поглед, исто така постојат очекувања од Западен Балкан. Ние го разбираме барањето за видливост и учество, ние очекуваме од нив да придонесуваат и доаѓаат со решенија за проблемите во врска со проширувањето”,

Другите учесници спомнаа дополнителни теми за потенцијалниот придонес од Западен Балкан.

“Има многу знаење и експертиза во регионот, но истотака многу креативни луѓе кои имаат искуство во темите на конференцијата, како што е миграцијата”, кажа Александра Томаниќ, Извршен директор на Европскиот фонд за Балканот. Таа посочи дека граѓаните од Босна и Херцеговина доживуваа миграциски текови што минуваа низ нивната земја во последните години и дека нивните информации би биле вредни.

Томаниќ истотака постави прашање како Конференцијата може да има тема “ЕУ како глобален играч” без вклучување на дел од континетот. Таа  додаде дека поради високото ниво на загадување на воздухот на Балканот, што го чуствуваат и соседните ЕУ држави, било каква дискусија за животната средина во ЕУ ќе биде нецелосна без да се вклучи и регионот.

Доника Емини, извршен директор на платформата ЦивиКос од Косово и член на Советничката група за политика на Балканот во Европа (BiEPAG), се осврнуваше на безбедноста како потенцијален придонес од Западен Балкан.

“Западен Балкан може да придонесе во дискусијата за безбедносните теми, бидејќи регионот за многу кратко време од потрошувач стана понудувач на безбедноста”, спомна Емини, додавајќи дека многу држави учат од Косово како да се борат против тероризмот.

Друга перспектива каде Западен Балкан природно може да придонесе е проширувањето. Според Емини, регионот треба да биде “лесна победа” за ЕУ, покажувајќи дека Унијата може да биде успешна, со помош на придонесот од регионот.

Panel discussion on the Future of Europe; Photo: EWB

Јована Маровиќ, извршен директор на мрежата Политикон и член на BiEPAG, се согласи дека проширувањето е област каде ЗБ може да придонесе во дебатата, на пример преку предлагање на реформи во процесот како што е воведувањето на квалитетно мнозинско гласање на привремените чекори на процесот, како и начини според кои регионот може постепено да се интегрира во ЕУ.

Таа спомна дека “Вклучувањето на граѓаните и политичарите од ЗБ на Конференцијата за иднината на Европа треба да се сфати како постепено интегрирање, што треба да помогне со цел да се придонесе кон владеење на правото и демократија во регионот”.

Родерик Паркс, Раководителка на Центарот Алфред фон Опенхајм при Германскиот совет за надворешни односи се осврнуваше на улогата  на ЕУ во светот, нагласувајќи дека процесите како Конференцијата се добра можност да се спротиставуваме на негативната перспектива на геополитичката улога на ЕУ.

Паркс спомна “Мислам дека аргументот треба да биде дека ЕУ всушност е добра во геополитика, и затоа таа треба да биде вклучена во регионот, не поради конкуренцијата со Русија или Кина.

Вклучувањето на граѓаните останува предизвик, фокусирајте се на младите

Повеќе учесници, вклучувајќи Александра Томаниќ и Алба Чела, Извршен директор на Албанскиот Институт за Меѓународни Студии, истакнаа дека вклученост и свеста на граѓаните од Западен Балкан останува на ниско ниво. Пратеничката на Европскиот Парламент Тања Фајон изјави дека тоа беше случај дури и во земјите на ЕУ.

Фајон спомна “Стана непривлечно да се зборува за европските теми, бидејќи политичките елити често го обвинуваат Брисел за работите што одат во погрешна насока. Нашите млади генерации ја немаат историската перспектива за причините поради кои постои ЕУ – ни треба нов наратив за нив”. Таа додаде дека Конференцијата за иднината на Европа треба да биде причина за оптимизам.

Таа додаде “Но ако не ја доведеме дискусијата пред граѓаните, ќе пропаднеме”.

Photo: EWB

Професорката на Факулетот за политички науки Неџма Џанановиќ истотака нагласи колку е важно да бидат вклучени младите кои се интересирани да придонесат во дискусијата, со тоа што младите од Западен Балкан ќе бидат уште повеќе фокусирани кон ЕУ вредностите споредено со остатокот на континентот, бидејќи нивните врсници имаа привилегија да не ги сфаќат сериозно овие вредности.

Ангелина Еикхорст, управен директор за Западен Балкан во Европската служба за надворешно дејствување, се осрвна на потенцијалните недостатоци на процесот, спомнувајќи дека тоа е нешто ново, еден вид на експеримент, вклучен во Европската Комисија, Европскиот Парламент и во Советот.

“Не знаеме што ќе се случи, но храбрите политичари донесуваат такви одлуки”, заклучи Еикхорст.

Related posts

Qytetarët e Ballkanit Perëndimor kanë mundësinë që të marrin pjesë në Konferencën për të ardhmen e Evropës

EWB

Помеѓу активизмот и политиката: Што можат да постигнат граѓанските иницијативи во регионот?

EWB

Градење отпорност кон дезинформации – борба за цела Европа

EWB