fbpx
European Western Balkans
Local Languages Content

Граѓаните од Западен Балкан имаат можност да учествуваат на Конференцијата за иднината на Европа

European Union's Flag

БРИСЕЛ- Граѓаните од Западен Балкан имаат можност да учествуваат на Конференцијата за иднината на Европа. Тие ќе имаат можност  да покажат колку вреди нивниот придонес во создавање на решенија за најгорливите проблеми со кои се соочува континентот.

За да се постигне тоа, граѓаните од Западен Балкан, претставени од граѓанските организации, може да придонесуваат за да се слуша нивниот глас преку партнерството со организациите со седиште во ЕУ и пренесување на нивните предлози или организирање на нивните настани преку користење на официјалната oнлајн платформа на конференцијата.

Истовремено, тие можаат да присутствуваат и да коментираат за други настани во рамките на Конференцијата.

Платформата ќе ги централизира сите придонеси поврзани со Конференцијата од различни настани на граѓаните. Покрај тоа, ќе служи како основа за редовно известување и следење на резултатите од Конференцијата. За да се разгледа нивниот придонес во рамките на Конференцијата, организациите ќе треба да се осврнат на една од нејзините теми: климатските промени и животната средина, дигитална трансформација, вредности и права, владеење на правото, здравје итн..

Конференцијата за иднината на европа (CoFoE) е иницијатива на Европската Унија со цел да се анализират реформите кои треба да се реализираат во нејзините политики и институции на среден и долг рок.

Во март 2019, францускиот претседател Емануел Макрон ја започна идејата за Конференцијапта за Европа со цел да ги предложи сите измени што се потребни за европскиот проект. По нејзиниот избор во јули 2019 година, претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лејен ја поддржа идејата со потврдување дека Конференцијата треба да започне во 2020 година и да трае две години.

Пандемијата со КОВИД-19 го одложи нејзиното започнување до Денот на Европа, 9 мај, 2021 година. Конференецијата ќе трае една година, до пролетта 2022. Таа има за цел да дебатира за прашања што се важни за граѓаните на ЕУ и влијаат на нивниот секојдневен живот. Таа е нова, одоздола нагоре паневропска иницијатива со цел да им даде на граѓаните, граѓанското општество, и институциите повеќе влијание во креирањето на политиките на ЕУ.

Европскиот парламент, Советот, Европската Комисија се обврзаа да ги слушаат европејците, и да ги следат дадените препораки во рамките на нивната област на надлежности. До пролетта 2022, се очекува конференцијата да донесе заклучоци и да даде насоки за иднината на Европа.

Related posts

“E ndërtojmë Evropën bashkë“: Kontributi i BP në Konferencën për të ardhmen e Evropës do të diskutohet të hënën

EWB

Qytetarët e Ballkanit Perëndimor kanë mundësinë që të marrin pjesë në Konferencën për të ardhmen e Evropës

EWB

Ndërtimi i rezistencës ndaj dezinformatave – një luftë për të gjithë Evropën

EWB