fbpx
European Western Balkans
Local Languages Content

“Проширувањето на ЕУ не ги постигнува посакуваните ефекти”

Keynote speakers Srđan Majstorović, Damjan Bergant and Emanuele Giaufret; Photo: Twitter / @CEPBelgrade

БЕЛГРАД – На настанот „Комплетирана Европа„ што се одржа денеска во Белград се разговараше за предлогот за етапно членство на Западен Балкан, со кој ќе се обиде да се реши проблемот со проширувањето кое во моментот „не ги постигнува посакуваните ефекти”, како и геополитичката важност на Западен Балкан за ЕУ.

Настанот организиран од Центарот за европска политика (CEP) во Белград, во соработка со Центарот за европска политика (EPC) од Брисел, е придонес кон Конференцијата за иднината на Европа.

Еден од главните говорници, словенечкиот амбасадор во Србија, Дамјан Берган, посочи дека Словенија го стави проширувањето високо на агендата на нејзинонот претседателство со Европската Унија.

Тој додаде дека позицијата на Словенија е јасна, а тоа дека сака земјите од Западен Балкан да бидат дел од Европската Унија затоа што споделуваат заедничка историја, култура и вредности.

„Јас доаѓам од земја која релативно неодамна се приклучи кон ЕУ и имам искуство да живеам во Словенија која не беше дел од ЕУ, а сега кога е, се чувствувам поинаку. Сакам граѓаните од Западен Балкан да го почувствуваат тоа, и затоа ЕУ мора да се комплетира со приклучувањето на Западен Балкан“ рече Бергант

Шефот на Делегацијата на ЕУ на Европска Унија во Србија, Емануеле Гиауфрет, изјави дека политиката на проширување на ЕУ кон Западен Балкан нема алтернатива.

Пандемијата покажа дека заедно сме посилни, рече Гиауфрет, истакнувајќи дека ЕУ и регионот се соочуват со истите предизвици.

Срѓан Мајсторовиќ, претседател на Управниот одбор на CEP, како и член на Советодавната група за политики на Балканот во Европа (BiEPAG) оцени дека процесот на проширување на ЕУ не ги постигнува посакуваните ефекти.

„Новата методологија требаше да го забрза процесот на преговори за пристапување, но таа не дава резултати. Предгламе да се подобрат придобвките од пристапниот процес, граѓаните да ги разберат придобивките од  членството во ЕУ многу порано “, рече Мајсторовиќ.

Тој наведе дека со напредокот во исполнувањето на условите за влез во ЕУ, земјите кандидати треба постепено односно етапно да преминуваат од една фаза во друга и на тој начин да постигнат конкретен напредок.

„Тој е процес базиран на награди за поусшешна и построга контрола на оние што заостануваат во тој процес “, истакна Срѓан Мајсторовиќ.

Јанис Емануилидис, директор за студии во Центарот за европска политика во Брисел, оцени дека Конференцијата за иднината на Европа е експеримент на европско ниво, кој има свои предности и недостатоци, како и предизвици. Сепак, охрабрува што граѓаните се вклучени во процесот, рече тој.

„ГО и Центарот за европска политика како еден од нив, се обидуваат структурно да ги вклучат граѓаните во Конференцијата за иднината на Европа, не само како набљудувачи “, рече Емануолидис.

За време на првиот панел, беше презентиран документ за дискусија потготвен од истражувачи од Центарот за европска политика и CEPS, кој предлага усвојување на етапниот процес на пристапување на земјите од Западен Балкан во Евроската Унија.

Според авторите, документот поставува институционална, техничка и законска основа за пробив од сегашниот ќорсокак на процесот на проширување.

First panel discussion; Photo: Twitter / @CEPBelgrade

Тие додаваат дека спроведувањето на системот за етапно пристапување ќе треба да се надополни со цврста политика на Евроспката Унија насочена кон решавање на билатералните спорови и прашања за државноста во регионот.

„Институциите на ЕУ би можело добро да се посветат на идејата за етапно членство, со различни примери или преседани што треба да се забележат, а исто така ќе се поврзат со поврзаната идеја за ‘диференцирана’ интеграција “, нагласија авторите.

Тања Мишчевиќ, заменик-генерален секретар во Советот за регионална соработка (RCC) рече дека останува нејасно како етапното членство нуди практични придобивки за граѓаните од Западен Балкан, додавајќи дека полноправното членство мора да остане приоритет.

Според Мишчевиќ, една од главните цели на пристапниот процес е можноста за учество во креирањето на европските политики, и учеството без право на глас или со помалку права од дргугите земји членки не е членство.

Милена Мук од Институтот Алтернатива, потсети дека, иако Црна Гора е формално означена како „фаворит “, по 9 години затвори само три поглавја.

Таа оцени дека процесот на проширување е во неизвесност и дека земјите како Црна Гора, кои постигнале најголем напредок во тој процес, во моментот немаат напредок.

„Ние сме во неизвеснот и не напредуваме, затоа, етапното членство е добра идеја “, рече Мук.

Втората панел дискусија се однесуваше на темата Градење на стратешка автономија на Европа во општи услови и во однос на Западен Балкан.

Second panel discussion; Photo: Photo: Twitter / @CEPBelgrade

Велина Чакарова, директорка на Австрискиот институт за европска и безбедносна политика во Виена, предупреди дека директната блискост на ЕУ повеќе или помалку се претвора во огнен прстен, и на ова треба да се одговори не само со мека моќ, тука и со тврда моќ.

Според неа, Европа беше во опасност полека но сигурно да се претвори во геополитичли двор на 21 век, а популистичките движења на континентот се предизвикани од исцедената европска глобална перпсектива.

Кога станува збор за прашањето со проширувањето Чакарова оцени дека тоа е најуспешна мирна интеграција од надворешни актери, и дека го гледа Западен Балкан во таа смисла. Таа препорача да се изврши притисок врз локалните политички елити да ги извршуваат своите домашни задачи во врска со неопходните реформи, како и постратешка комуникација за геоекономската улога на ЕУ во ЗБ.

Дејан Јовиќ, професор на Факултетот за политички науки во Универзитетот во Загреб и член на BiEPAG, рече дека ЕУ нема да успее да стане моќен глобален актер ако не се прошири веднаш на Западен Балкан.

“Не сум доволно оптимист за стратешката автономија на Европа, но мислам дека мора да го стори тоа ако сака да стане глобален играч”, рече Јовиќ.

Тој рече дека ЕУ треба да го промени своето двоумење кон Западен Балкан и да се однесува кон регионот како целина и да ги отстрани критериумите што никој не може да ги исполни.

“Ако мислите дека е пореално овие земји радикално да го променат својот систем на вредности во овој период на долго чекање, тоа е илузија. Мислам дека е поубедливо да се каже дека проширувањето е во геополитички идентерес на ЕУ” рече Јовиќ.

Срѓан Цвијиќ, експерт за демократизација, јавно и меѓународно право и политича анализа и член на BiEAPG, рече дека ЕУ треба да ја повлече границата во песок, да ја деифинира својата доктрина на Монро и испрати порака дека Западен Балкан е нејзин терен.

“Но, исто тка, треба да признае дека меѓународниот поредок базиран на правила не е загрозен од Русија и Кина, колку што е од домашните популисти. Четиригодишната победа на Трамп или Ле Пен во Франција ќе биде повеќе закана за неа отколку што било што направиле Русија и Кина. ЕУ треба да оди против автократите во своите граници, како што е Унгарија”, рече Цвијиќ

ЕУ треба да ја проектира својата моќ на Западен Балкан, оцени Цвијиќ, додавајќи дека ова треба да биде појдовна точка на нејзината геостратешка агенда.

Related posts

Проширување, безбедност, ЕУ во светот: Области во кои ЗБ може да придонесе во дебатата за иднината на Европа

EWB

Integrimi i Ballkanit Perëndimor në BE është një proces reciprokisht i dobishëm

EWB

Граѓаните од Западен Балкан имаат можност да учествуваат на Конференцијата за иднината на Европа

EWB