fbpx
European Western Balkans
Local Languages Content

ЕУ интеграцијата на Западен Балкан е заемно корисен процес

“Building Europe Together“: WB contribution to the Conference on the Future of Europe; Photo: EWB
“Building Europe Together“: WB contribution to the Conference on the Future of Europe; Photo: EWB

БЕЛГРАД – ЕУ може да има корист од Западен Балкан, и тоа може да и овозможи да стане силен геополитички актер, да обезбеди сигурност и економска соработка, но и решенија и идеи за нејзиниот растечки деловен сектор, истакнаа учесниците на настанот “Ја градиме Европа заедно: Придонесот на ЗБ на Конференцијата за Западен Балкан”.

Целта на настанот, кој беше организиран во понеделник во Белград и модериран од извршниот уредник на European Western Balkans Никола Буразер, беше да се сумираат претходните дискусии што се одржаа за време на Конференцијата за иднината на Европа.

Доника Емини, Извршен директор на платформата ЦивиКос (CiviKos) и член на Советодавната група за политика на Балканот во Европа (BiEPAG), нагласи дека ЕУ не треба да гледа на интеграцијата на Западен Балкан како на процес од кој само тој регион има корист.

“ЕУ треба да престане да го смета Западен Балкан како регион што го исцрпува ЕУ, преку добивање придобивки без да придонесе ништо. Ова е трансаксција, Западен Балкан може да придонесе за ЕУ во областа на безбедноста, како и преку економската соработка“, рече Емини.

Според Емини, ако ЕУ сака да го заврши тоа што го почна во 2003 година, за да покаже дека е моќен геополитички играч, треба да испорачува на Балканот.

“Со завршување на сложувалката во регионот, може да покаже дека е моќен актер”, нагласи Емини.

Селма Продановиќ, претпримач и основач на 1MIllionStartups, ја истакна важноста на компаниите, особено на новооснованите компании, што може да ја подобри репутацијата на Западен Балкан во Европа.

Таа посочи дека Западен Балкан може да помогне во постигнување на целите за одржлив развој и дека компаниите од регионот можат да понудат добри решенија.

“Гледаме дека новооснованите компании, вклучително и оние од Западен Балкан, се движат кон решенијата од целите за одржлив развој. Тие не можат да се постигнат од поединечни земји. Овие проблеми можат да се решат само глобално”, рече Продановиќ.

Таа додаде дека, доколку се гледа од перспектива на бизнис ангелите, не е важно од каде доаѓаат идеите и решенијата, и дека навистина многу квалитетни идеи доаѓаат од Западен Балкан.

Дискусијата се фокусираше и на начините за подобрување на процесот на проширување и интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Срѓан Цвијиќ,  виш аналитичар на политики на Институтот за европска политика на Отворено општество и член на BiEPAG, се фокусираше на перцепцијата за проширувањето на ЕУ, нагласувајќи дека истражувањето што неговата организација го спроведе во Франција покажа дека јавното мислење може да се промени.

“Нашето неодамнешно истражување покажува дека колку повеќе искуство имаат граѓаните со Западен Балкан, толку повеќе го поддржуваат неговото интегрирање во ЕУ”, рече Цвијиќ.

Според него, земјите од Западен Балкан, покрај неопходните реформи, треба да започнат кампањи со цел да ја подобрат нивната репутација во земјите-членки.

“Сериозните кампањи за проширувањето во земјите-членки на ЕУ можат да направат огромна разлика. Кандидатите можат и самите да направат нешто за да ја подобрат репутацијата. Ова во моментот не се случува”, рече Цвијиќ.

Зоран Нечев, раководител на Центарот за европски интеграции на Институтот за демократија ‘Социетас Цивилис, и член на BiEPAG, ги истакна своите предлози за рефрормирање на процесот. Првата реформа што ја предложи беше воведувањето на квалитетно мнозиноство на гласови за средните фази на процесот – отворање и затворање на кластери.

Нечев истакна дека, додека е потребно земјите од Западен Балкан да ги зголемуваат своите капацитети, ЕУ треба да го стори истото.

“ЕУ треба да го зголеми својот капацитет за апсорбција преку диверсификација на портфолија со кои се работи со земјите од Западен Балкан на европско ниво“, предложи тој.

Нечев додаде дека Западен Балкан треба да биде вклучен во веќе постоечките механизми на ЕУ како што е прегледот на состојбата во полето на правосудството, извештаи за владеење на правото, Рамка за европскиот семестар – дури и ако земјите од регионот добиваат лоши резултати од овие проценки, тие барем би знаеле што да се направи за да се подобри, рече тој.

Далиборка Ујаревиќ, Извршен директор на Центарот за граѓанско образование, истакна дека луѓето во регионот ја гледаат важноста и улогата на Европската Унија за промени и подобар живот, но и дека не се задоволни од напредокот на нивните земји на патот кон ЕУ.

Според Ујаревиќ, би било многу важно ЕУ да има поголем фокус не само на институциите, туку и на другите актери во земјите од регионот.

“Кога велам други актери, мислам и на граѓанското оптштество. Граѓанското општество е многу важно, особено во регионот”, рече Ујавериќ.

Таа истакна дека климата во регионот е многу негативна за дијалог базиран на аргументи.

“ЕУ треба да покаже нула толеранција за говорот на омраза и кампањите за оцрнување. Мислам дека е многу важно ЕУ да обезбеди одржлива поддршка за граѓанското оптшество – организациите, а не проектите, треба да бидат поддржани”, рече Далиборка Ујаревиќ.

Дафина Пеци од Националниот младинскои конгрес на Албанија се фокусираше на перспективата на младите во регионот, нагласувајќи колку државите губат поради одливот на мозоци.

Таа ја истакна важноста за подобрување на механизмите за интра-регионална соработка и разбирање на потребните на младите од Западен Балкан.

“Има потреба да се разбере миграцијата на работната сила и одливот на мозоци на Западен Балкан. Потребно е да се зајакнат механизмите за интрарегионална мобилност. Дозволете ни да го користиме многу добриот пример на RYCO, но да не застанеме тука, треба да ја поттикнеме циркуларната миграција. Посветеноста доаѓа од правилното разбирање на ситуацијата. Нашиот став, нашите барања треба да се засноваат на реални потреби”, реле Пеци.

Related posts

“Проширувањето на ЕУ не ги постигнува посакуваните ефекти”

EWB

Ndërtimi i rezistencës ndaj dezinformatave – një luftë për të gjithë Evropën

EWB

Ajkhorst: Kontributi nga BP për të ardhmen e Europës do të dëgjohet në institucionet e BE

Emina Muminović