БРИЖ – Министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан повикаа на поактивна улога на ЕУ во рагионот на настанот „Разговараме за иднината на Европа – перспективи и придонеси од Западен Балкан”, што се одржа во кампусот на Колеџ на Европа во Бриж. На дебатата учествуваа и студенти од Колеџот.
За време на нивните воведни говори, неколку министри повикаа ЕУ да игра поцврста стратешка улога на Западен Балкан, што ќе вклучи и забрзување на проширувањето.
“Кредибилната политика на проширување е инвестиција во стабилноста на Европа. Регионот обезбедува важна енергетска и патна инфраструктура за Европа. Албанија ги исполни условите за првата Меѓувладина конференција и време е да продолжиме напред”, рече Меги Фино, заменик министер за Европа и надворешни работи на Албанија.
Слично на тоа, министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ рече дека ЕУ треба да оддалечи од несигурниот однос кон регионот.
“Последниот настан на границите на Белорусија и Полска е повик за проактивна и понаметлива улога на Европската Унија. Овој пристап е потребен и во Западен Балкан. ЕУ не може да дозволи да се повлече Западен Балкан во криза како во 1990-тите, а тоа се случува пред наши очи”, рече Турковиќ.
Пред да им даде збор на студентите, ректорот на Колеџот на Европа и поранешната висока претставничка за надворшена и безбедносна политика Федерика Могерини истакна дека дека источните и јужните соседи на Европска Унија имаат наменска стипендија за студирање на овој Колеџ, а тоа не беше случај со Западен Балкан и дека можеби добра институционална иницијатива би била воспоставувањето на ваква стипендија.
Неколку студенти ги прашаа министрите за надворешни работи дали недостатокот на ангажман на ЕУ и заморот од проширувањето доведоа до пораст на национализмот и политички превирања забележани во Босна и Херцеговина во последните недели. Еден од студентите, исто така, праша дали ЕУ има иста тежина во Западен Балкан како пред десет годин.
Другите прашања поставени од студентите се однесуваа на препреките помеѓу граѓаните на некои земји од Западен Балкан, на пример поради визните барања што се уште постојат помеѓу Косово и Босна и Херцеговина.
Едно прашање се однесуваше на тоа како ќе продолжи дебатата за иднината на Европа по формалниот заклучок на Конференцијата во пролет 2020. Потпретседателот на Европската Комисија Дубравка Шуица, која исто така учествуваше во дискусијата, рече дека Комисијата размислува работи на тоа дигиталната конференциска платформа да стане постојана карактеристика, и дека таа е најдобрата алатка што Западен Балкан може да ја користи за да учествува на Конференцијата.
Министерката за надворешни работи на Косово Доника Гервала – Шварц се согласи дека недостига комуникацијта помеѓу некои земји од регионот. Ова беше предизвикано, рече Гервала Шварц, алудирајќи на Србија, поради недостатокот на извинување за злосторствата извршени во минатото, како и загрозувањето на иднината на Косово.
Кога станува збор за богатствата на Западен Балкан, Гервала-Шварц истакна дека населението на Косово во просек е многу младо и дека тоа било случај и во другите земји од Западен Балкан.
Министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ не се согласуваше со карактеризацијата што доаѓа од министерката Гервала-Шварц, велејќи дека земјата што го загрозува мирот и стабилноста во регионот нема да добива директни странски инвестиции од земјите на ЕУ, што Србија ги добива.
Во однос на евроинтеграциите, Селаковиќ ги истакна подвижните цели поставени од земјите од Западен Балкан, кои, како што рече, ги немало во претходните фази на проширување.
“Трчаме маратон, а на 40-тиот километар некој ви вели дека треба да трчате уште 20 километри-кој ќе го преживее тоа?”, праша Селаковиќ.
На прашањето за иднината на Европа, тој ги праша студентите дали некој од нив основал семејство, велејќи дека одгледувањето на своите деца во Европа е доказ дека Европа е најдобриот континент за живеење, и најдобар придонес за вашата иднина.
Министерот за наврорешни работи на Црна Гора Ѓорѓе Радуловиќ зборуваше и за потребата на ЕУ да му покаже на Западен Балкан дека не е подвижна цел.
“Сите зборуваат за пристапот морков и стап, а ни требаат повеќе моркови”, рече Радоловиќ.
Тој додаде дека во Западен Балкан, луѓето се уште зборуваат за некои “застарени идеи” од 18-тиот век како национализмот, додека Европската Унија се бори против климатските промени.
“20-тиот век беше време на големи идеологии, ајде сега да ја имаме екологијата како нова идеологија која може сите да не обедини”, рече Радуловиќ.
Федерика Могерини го заврши настанот со свои агрументи во однос на проширувањето кон Западен Балкан.
“Овој е единствениот случај каде што проширувањето се совпаѓа со помирувањето. И ова е основа за безбедност и економски развој. Исто така понекогаш европејците не ги земаат предвид трошоците од несторување. Треба да се запрашаме што би можело да биде алтернативата ако тоа не го направиме за 10 и 20 години”, рече Могерини.
Зборувајќи за поделбите на мислењената забележани на панелот, Могерини рече дека тие постојат, но се дел од демократијата и дел од европската историја.