fbpx
European Western Balkans
Local Languages Content

Помеѓу активизмот и политиката: Што можат да постигнат граѓанските иницијативи во регионот?

Conference in Sarajevo; Photo: EEAS

САРАЕВО – Постигнувањата на граѓанското општество во Босна и Херцеговина и Западен Балкан, но и дебатата дали граѓанските иницијативи треба директно да се вклучат во политика, беа во фокусот на Конференцијата “Иницијатива, ангажман, ентузијазам – зајакнување на демократијата во БиХ и регионот преку граѓански активизам” се одржа денеска во Сараево.

Во водедниот говор, амбасадорот Јохан Сатлер, шеф на Делегацијата на ЕУ во БиХ, потсети дека оваа Конференција е придонес на БиХ за Конференцијата за иднината на Европа, со нагласување дека оваа паневропска иницијатива е наменета пред се за граѓаните и граѓанското општество.

“ЕУ и ЗБ делат ист континент и исти проблеми. Европските претставници, вклучително и претседателот на Европската Комисија, постојано повторуваат дека иднината на регионот е во ЕУ, и затоа е природно регионот да се вклучи во разговорот за нашата заедничка иднина„ истакна Сатлер.

Панелистите, граѓанските активисти од БиХ, разговараа за нивните искуства во оваа област.

Емина Вељовиќ, извршен директо рна Архус Центарот во БиХ, посочи дека примарен фокус на нејзината организација е да ја промовира Архуската конвенција за пристап до информации, учество на јавноста во донесување на одлуки и пристап до правда во прашања од животна средина и нејзина соодветна имплементација во БиХ. Неодамна, Центарот беше вклучен во случаи на противзаконско градење на мали хидроцентрали.

“Во 2019, се одржа регионален самит на кој беше усвоена Декларацијата за заштита на реките од Западен Балкан, бидејќи изградбата на мали хидроцентрали влијае на целиот регион, и во документот кажавме јасно “не” за овие објекти. Претставничкиот дом на Федерацијата на Босна и Херцеговина ја усвои ова декларација во 2020 година, а Националното Собрание на Република Српска во 2021 година″, рече Вељовиќ.

Милица Пралица, претседателка на здружението “Општа нула” од Бања Лука, посочи дека нејзините активисти честопати биле цел на медиумите, што ги обезхрабрувало луѓето да се вклучат, но дека сега граѓаните почнуваат да се отвораат повеќе, особено за теми што ги обединуваат нив, како што се темите за животна средина, движењата “Правда за Давид” и “Правда за Џенан” бидејќи овие прашања ги допираат чуѓето на лично ниво.

Мериса Окановиќ, претседателка на младинското движење Револт од Тузла, рече дека организацијата е основана како студенстко движење против зголемување на школарината, а подоцна за спроведување на Болоњскиот систем, и дека откако активностите станаа поструктурирани, таа почна да работи на областите како што се јавен диалог, мониторирање локални и кантонски власти во областа на високото образование.

Гордан Босанац од хрватската партија Možemo се вклучи во дискусијата, зборувајќи за преминот од активизам во политика.

“Чекавме за политичките партии за кои би можеле да гласаме со ентузијазам, па на крајот одлучивме дека тоа ќе бидеме ние. Ние се уште балансираме помеѓу активизам и политика – едната нога ја имаме на улица и другата во институциите. Имаме чувство дека мора да бидеме на улица, и во тоа имаме предност пред другите страни. Доминантните партии честопати се обидуваат да не дискриминираат затоа што сме активисти и наводно не сме потготвени за политика, но граѓаните всушност го ценат активизмот и тоа е предност,” рече тој.

Тој додаде дека работата што ја вршеше членот на Možemo во парламентот ни овозможи пристап до медиумите, преку кои тие успеаја да ги шират своите идеи на начин што не беше возможен преку активизам.

Добрица Веселиновиќ, претставничка на српското движење Ne da(vi)mo Beograd, истакна дека мотивите за членовите на ова движење да влезат во политика беа слични со тие на членовите Možemo.

“Она што не поттикна да се вклучиме е дека се чувствуваме предадени од политичките елити и немавме за кого да гласаме. Тој пат е многу неизвесен, но јас би го гледал не од контекст на изборните резултати, туку што треба да се направи во иднина”, рече Веселиновиќ.

Тој додаде дека еколошките прашања треба да се решат во регионот, пред се проблемот со користење јаглен во производството на електрична енергија, како и демилитаризација на регионот, демократизација на јавните институции и “сериозна размена на луѓе” во Западен Балкан, што ќе придонесе за регионот повторно да живее заедно.

Веселиновиќ додаде дека, во контекст на заробувањето на медиумите во Србија, не постои друг канал за комуникација освен директен разговор со луѓето и извршување на теренска работа.

Дискусијата за тоа дали активистите треба да влезат во политика продолжи и подоцна за време на панелот, при што Емина Вељовиќ го искажа своето мислење дека ова е грешка, бидејќи откако граѓанските организации ќе влезат во политичка партија, тие мора да ги прифатат нивните идеи и со тоа ќе ги изгубат “конецот, слободата и активизмот”.

Добрица Веселиновиќ, пак, рече дека активистите се во одбрана и се обидуваат да ги одбранат веќе постоечките права, и не се во можност да ги прошират.

“Затоа мислам дека е неопходно да се преземе власта од места од каде потекнува моќта – а тоа е политиката,” рече Веселиновиќ.

Софија Тодоровиќ, новинарка во БИРН, посочи дека и покрај лошите околности во регионот, стандардите на граѓанското општество и медиумите треба да останат исти.

“Не треба да го изгубиме фокусот и стратешкиот пристап за решавање на проблемот. Некако дојде до точка дека се треба да се направи сега и веднаш – ако резултатот не се произведува веднаш, идејата се напушта”, рече таа, додавајќи дека на младите луѓе кои стануваат активисти често им се ветува повеќе отколку што може да се обезбеди кон нив, што често води до фрустрација и разочарување.

Срѓан Периќ од подгоричката организација КОД коментираше за односот помеѓу граѓанскиот активизам и политиката во Црна Гора. Тој рече дека за време на минатогодишната смена на власта во таа земја, имаше големо учество на луѓе од граѓанското општество, но дека една година подоцна, очекувањата не беа исполнети.

“Некои луѓе од граѓанскиот сектор влегоа во новата влада и тоа е добро, но сега се отвори цел простор за критички поглед на самиот граѓански сектор, и вие само може да посочите на она што го работевте досега”, рече тој, додавајќи со неговиот став  дека во денешните околности, не постои јасна граница помеѓу граѓанското општество, медиумите, политичките партии и економијата.

Модератот на панелот, Сенда Шело Шабиќ, истакна дека не се зборува многу за меѓународната заедница, за разлика од претходните години, кога неизбежни теми беа можностите за добивање средства и слични прашања. Тоа е знак дека граѓанското општество созрева, но сето тоа се случува во состојба на апатија и луѓе кои го напуштаат регионот, па затоа е уште потешко, рече Шело Шабиќ.

Related posts

ЕУ не може да си дозволи да не се слуша тоа што доаѓа од Западен Балкан

EWB

“E ndërtojmë Evropën bashkë“: Kontributi i BP në Konferencën për të ardhmen e Evropës do të diskutohet të hënën

EWB

Integrimi i Ballkanit Perëndimor në BE është një proces reciprokisht i dobishëm

EWB